понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 178
home Занимливости

Откриена најстарата ДНК во светот

Откриена најстарата ДНК во светот

Руски научници ја открија најстарата ДНК во светот. Ја издвоија од забите на мамути коишто живееле на Сибир пред 1,2 милиони години.

Научниците проучувале остатоци од три мамута што биле закопани илјадници години на постојана температура под нула Целзиусови степени и имаат добро сочуван генетски материјал.

Досега најстарата ДНК беше онаа пронајдена кај коњ кој живеел во подрачјето на Канада пред околу 700.000 години.

Научниците веруваат дека ДНК-анализата на новите наоди ќе ги расветли генетските одлики и врските меѓу предисториските жители на планетава.

Локални избори 2021