вторник, 23. април 2019. Вести денес: 87
home Занимливости

Отишла на фризер да стави перика: Неколку дена подоцна, се разбудила со крваво лице (ВИДЕО)

Кога отишла на лекар ја дознала страшната вистина.
Отишла на фризер да стави перика: Неколку дена подоцна, се разбудила со крваво лице (ВИДЕО)

Хелзи Амнел Конор од Јоркшир доживеала вистинска ужас со периката која ја носела неколку недели. Нејзе во фризерски сало и ставиле перика, но после некое време почнала да чувствува дека се повеќе ја стега. Потоа едно утро се разбудила со ужасна болка и крв која течела по нејзиното лице.

Кога отишла на лекар дознала дека периката влегла во кожата на нејзиниот скалп. Имала рана која била шиена со шест конци, а се плаши дека ќе има трајна лузна.

Хејзи периката ја платила 200 фунти во престижен салон и веднаш кога и ја ставила прв пат осетила дека е презатегната. Меѓутоа фризерот и рекол дека ќе се „навикне на тоа“.Не се жалела затоа што мислела дека тоа е нормално, но потоа еден ден доживеала агонија.

-Се разбудив со крв која течеше по моето лице, беше како хорор филм! Го повикав татко ми и тој успеа да ја тргне периката, но траката остана залепена за главата. Целото тело ми беше прекриено со крв, вели Хелзи.

Таа сега не излегува од дома поради лузната, која е доста видлива, а планира да го тужи фризерскиот салон, чие име не го спомена.