понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 89
home Занимливости

Осветлена луксузната експозитура: Спектакуларна прослава на 100 години „Шанел бр. 5“

Осветлена луксузната експозитура: Спектакуларна прослава на 100 години „Шанел бр. 5“

По повод 100-от роденден на „парфемот бр. 5“, луксузната модна компанија „Шанел“ ја осветли својата експозитура во Париз.

Оваа експозитура беше отворена 2018 година на аголот на улиците „Дуфо“, „Сен Оноре“ и „Камбон“. Се наоѓа на само неколку чекори од првата продавница на „Шанел“, којашто започна со работа далечната 1910 година.

Легендарниот парфем „Но. 5“ е симбол на креативната моќ на оваа компанија. Создаден е од Ернест Бо, за Габриеле „Коко“ Шанел. Податоците говорат дека на секои 30 секунди во светот се продава по едно шише од овој парфем.

Покрај „бројот 5“, минувачите можеа да ги видат и ѕвездите, кои се додадени бидејќи Габриеле била фасцинирана од Вселената.

Коронавирус