понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 6
home Занимливости

Оставија порака до сосетката да не „вреска како свиња“ во текот на ноќта, нејзиниот одговор ги збуни сите

Оставија порака до сосетката да не „вреска како свиња“ во текот на ноќта, нејзиниот одговор ги збуни сите

Една жена сподели на социјалните мрежи непријатно искуство за тоа како, по една ноќ помината со нејзиниот партнер, добила лута порака од соседот преку која ја замолил да престане да „вреска како свиња“.

Жената од Велика Британија откри дека соседите ја посрамотиле, бидејќи во пораката пишувало дека „вреска, односно грофта како свиња за време на сексуален однос“.

„Лута протестна нота од соседите“, сподели таа на Твитер:

„Може ли да престанете да грофтате и да врескате како свиња додека имате односи!? На сите ни е лошо од тоа!!! Во потписот – соседите“.

Сфаќајќи ја целата ситуација опуштено, жената им одговори:

„Јас бев навистина убедена дека во тие ситуации звучам како воодушевена жена од реклама за шампон, но, тоа е тоа“.

Таа заклучи:

„Да ја формулираа таа порака малку подобро, можеби ќе сменев нешто, но сега веројатно ќе бидам уште погласна“.

Коронавирус