вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 158
home Занимливости

Ослободете се од лошиот здив – рецепт кој ќе ве “спаси” за само една минута

Ослободете се од лошиот здив – рецепт кој ќе ве “спаси” за само една минута

Лошиот здив умее да доведе во многу непријатна ситуација. За среќа, постои начин да се решите од тој проблем за многу кратко време.

Ви го претставуваме овој рецепт кој дејствува веднаш:

Потребни состојки:

половина мала лажичка цимет во прав
една мала лажица мед
2 лимони
200 милилитри топла вода

Подготовка:

Во еден сад ставете ги циметот и медот и прелијте ги со 200 мл топла вода. Мешајте додека медот не се растопи и потоа додаjте го сокот од лимон. Измешајте ја целата смеса уште еднаш, префрлете ја во тегла со капак и ставете ја во фрижидер. Со течноста темелно исплакнете ја усната шуплина. Држете ја една минута. Не треба ни да ја плукате бидејќи истата е многу хранлива. Постапката повторете ја кога и да сметате дека ви е потребно.

Примена:

Циметот и лимонот ја дезинфицираат усната шуплина и ги убиваат бактериите кои предизвикуваат непријатна миризба, а медот ѝ дава на течноста пријатен вкус.

Покрај тоа што ќе ви го реши проблемот со непријатниот здив, оваа комбинација е одличен борец против вирусите и настинките, бидејќи го зајакнува имунитетот и дејствува како антиоксиданс.

Коронавирус