вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 21
home Занимливости

Осаменоста му наштетува на здравјето

Осаменоста му наштетува на здравјето

Научниците предупредуваат дека осаменоста има многу негативно влијание врз здравјето, во секое животно доба, особено во староста, време кога е тешко да се стекнат нови пријателства и да се воведат новини во животот. Најновите истражувања покажуваат дека секој трет повозрасен човек чувствува осаменост, а секој четврти се чувствува целосно изолиран од заедницата.

Истражувањето спроведено во САД покажало дека чувството на осаменост е најизразено кај луѓе со здравствени проблеми. Истражувањето било спроведено на 2.000 луѓе на возраст од 50 до 80 години и покажало дека секој четврти меѓу нив се чувствува изолирано од остатокот од светот.

„Понекогаш е тешко да се открие дали луѓето се осамени поради болеста или осаменоста ја предизвикала болеста”, вели д-р Ерика Солвеј од Универзитетот во Мичиген.

Осаменоста повеќе ги погодува жените од мажите. Исто така, се покажа дека луѓето кои живеат сами, поверојатно е да бидат поосамени поради возраста и хронични болести оти поретко излегуваат надвор.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои се осамени и изолирани, се повеќе подложни на срцеви заболувања, мозочен удар, имунолошки проблеми, а осаменоста значително го зголемуваат ризикот од предвремена смрт.

Коронавирус