среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Занимливости

Општина во САД несакајќи ја продаде својата водна кула на приватно лице

Општина во САД несакајќи ја продаде својата водна кула на приватно лице

Општината во малото гратче Бруксвил, Флорида, САД, случајно ја продаде својата водна кула во погрешна трансакција со недвижнини.

Имено, во април минатата година, бизнисменот Боби Рид ја купил зградата близу кулата, за 55.000 долари, со цел да ја претвори во вежбалница. Меѓутоа, кога тој отишол кај повисоките власти, за да го пријави своето ново деловно место, му било кажано дека ја купил целата парцела, којашто ја вклучува и водната кула, пишува „Тампа Беј тајмс“.

-Не знам кој е виновен. Ние сме само членови на Советот и се потпираме на градскиот управител. Претпоставуваме дека тој ја чини вистинската работа, изјави Блејк Бел, член на Градскиот совет.

Градоначалникот Марк Катни смета дека грешката при продажбата е во лошо направениот правен дел од договорот. Директорот на градската служба за развој поднесе оставка.

-Ние сме само луѓе, понекогаш правиме грешки, рече Катни.

За среќа на градот, Рид бил подготвен да му ја врати градската водна кула.  (МИА)

Коронавирус