недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Омилената плажа затворена на неодредено време

Омилената плажа затворена на неодредено време

Тајландските власти соопштија дека преубавиот залив кој се прослави во филмот „Плажата“, ќе биде затворен на неодредено време, додека не се опорави од годината на еколошка штета предизвикана од преголемиот број туристи.

Во објавата од 1 октомври беше наведено дека заливот, кој е дел од национален парк, ќе биде затворен почнувајќи од овој месец па на неодредено време додека морските природни ресурси да се вратат во нормална состојба.

Проценката на одделот за зачувување на национални паркови, диви животни и растенија е дека заливот Маја не се опоравил доволно во текот на четири месеци без туристи.

Плажата во заливот Маја ја посетувале во просек 200 бродови и 4000 луѓе дневно.

Неодамнешните истражувања на морските биолози покажале дека голем дел од коралните гребени во тоа подрачје се исчезнати како и целиот жив свет во морето.

Коронавирус