среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 0
home Занимливости

Омилена земја за Балканци – плата над 5.000 евра

Омилена земја за Балканци – плата над 5.000 евра

За жителите на Западен Балкан, покрај Германија, Австрија и Швајцарија, меѓу фаворитите за земја каде би се преселиле и живееле е Данска.

Земјата има околу 5,5 милиони жители и позната е по одличната социјална политика и високите плати.

Данска е една од најдобро уредените и најстабилните држави на светот и тоа се гледа во секој поглед. Неделава беше објавено дека е земја со најмалку корупција на светот.

Животот е скап, но платите се високи. Просечната бруто плата е 5.124 евра. Даноците се високи, но поволностите се така одредени што на никого не му паѓа на памет да се побуни.

За подигнување на наталитетот, Данска исплаќа „економска помош“ за деца до 18 години, а за децата до двегодишна возраст родителите добиваат најмалку 2.500 евра годишно. До 1.500 евра добиваат родителите за децата од 15 до 18 години.

Градинките се во природа, а образованието е целосно бесплатно – од забавиште до последната година на факултет.

Ако размислувате да се преселите во Данска и таму да почнете нов живот, имајте на ум дека ова е земја каде почитувањето на законите е главен принцип на живеењето.