петок, 14. август 2020. Вести денес: 117
home Занимливости

Огромен астероид помина покрај Земјата (ВИДЕО)

Огромен астероид помина покрај Земјата (ВИДЕО)

Астероидот 2018 GE3 кој според проценките на експертите е со големина на фудбалски терен, поминал „алармантно“ блиску до Земјата во неделата наутро.

Астероидот кој има повеќе од 45 метри во пречник бил до Земјата поблиску од Месечината, која орбитира на одалеченост од околу 385.000 километри од планетата.

Според извештајот на НАСА, само неколку часа откако е регистрирана најблиската одалеченост на астероидот 2018 GE3 од нашата планета, тој уште повеќе и се доближи на Месечината.

Неговите димензии биле меѓу три и шест пати поголеми во обем од вселенскиот камен кој во 2013 година падна во Русија поради што 1.500 лица биле хоспитализирани.

Доколку GE3 влегол во атмосферата на Земјата, научниците претпоставуваат дека ефектите би биле слични, само што третата би била посериозна и поголема, а со тоа и бројот на повредени поголем.

 

Коронавирус