вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 49
home Занимливости

Ограбил банка, па ги фрлал парите во воздух и викал – Среќен Божиќ!

Ограбил банка, па ги фрлал парите во воздух и викал – Среќен Божиќ!

Маж со бела брада и мустаќи ограбил банка во Колорадо Спрингс и потоа почнал да го фрла пленот во воздух, посакувајќи им на минувачите „Среќен Божиќ“.

Полицијата соопшти дека „постар белец“ ја ограбил банката Академи два дена пред Божиќ, во понеделникот во време на пауза за ручек.

Очевидци изјавија дека ограбил банка, излегол на улица и почнал да фрла пари во воздухот, извикувајќи: „Среќен Божиќ!“

Мажот потоа отишол во блиското кафе Старбакс, седнал пред него и го чекал своето апсење.

Би-Би-Си наведува дека минувачите ги собрале парите од улицата и ги вратиле во банка.

Полицијата во Колорадо Спрингс го идентификуваше осомничениот како Давид Оливер (65) и рече дека нема индиции дека тој имал помошници.