сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 107
home Занимливости

Огнен сателит влезе во земјината атмосфера: Можеби ќе биде видлив како гори на небото

Огнен сателит влезе во земјината атмосфера: Можеби ќе биде видлив како гори на небото

Британците го предупредиле народот дека денес на небото ќе можат да видат сателит кој со пламен влегол во Земјината атмосфера.

„Старлинк сателитот повторно влезе во Земјината атмосфера, но постои мала веројатност дека ќе „гори“ над Британија“, напиша британската вселенска агенција на Твитер.

Велат дека шансите се мали да предизвика било каква штета кога повторно ќе влезе во атмосферата, а претставници од агенцијата го следат нивниот напредок пред конечно да се распадне.

„Го следиме неговото повторно влегување заедно со Министерството за одбрана и нема очекување дека со тоа ќе нанесе било каква штета во атмосферата. Поради различни податоци, природните сили и со тие грешки во опсервацијата, секогаш постои високо ниво на несигурност за било какво предвидување“, додале од агенцијата.

Од Министерството за одбрана изјавиле дека ќе го следат неговиот напредок.

Џејк Гир, шефот на вселенскиот надзор и следење во Вселенската агенција на Велика Британија, рекол дека граѓаните можеби ќе имаат можност да го видат како гори на небото.

Најнови вести

Коронавирус