недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 3
home Занимливости

Оглас за работно место дадилка го шокираше светот: Погледнете што се бараат родителите, а и колкава плата за тоа даваат

На родителите најмногу би им одговарал студент или некој со повеќе слободни часови дневно, кои ги поседуваат сите потребни сертификати за чување деца и пружање прва помош.
Оглас за работно место дадилка го шокираше светот: Погледнете што се бараат родителите, а и колкава плата за тоа даваат

Оглас за дадилка објавен на огласна табла во Сиднеј привлече внимание на јавноста поради подолгата листа на задачи кои идната дадилка би морала да ги работи, но и нискиот хонорар за тоа.

-Ние сме семејство од Балмаин и бараме дадилката која би ги чувала децата после градинка(25 австралиски долари по час, односно околу 16 евра) со почеток во 2018 година, пишува во огласот.

Дадилката децата стари осум и четири години би ги чувала од 14:45 до 18:15 часот во понеделник, вторник, среда и четврток.

Од неа се очекува да ги земе од училиште и градинка, а за тоа би морала да има свој автомобил и возачка дозвола. Од неа се очекува и на постарото дете да му помага со домашните задачи, а самото тоа подразбира одлично познавење на англискиот јазик и правопоисот.

-Останатите задачи се припрема на вечера за децата и ужина за на училиште, прошетка на нашото куче и помали куќни работи како средување облека, пишува во огласот.

На родителите најмногу би им одговарал студент или некој со повеќе слободни часови дневно, кои ги поседуваат сите потребни сертификати за чување деца и пружање прва помош.

Некој веднаш на огласот со пенкало им напишал: „Не барате ли многу за 25 долари по час, зар не“, а во сличен стил се развила и расправа на социјалните мрежи.