сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 2
home Занимливости

Од оваа приказна можете многу да научите: Ако не сте успеале во минатото…

Од оваа приказна можете многу да научите: Ако не сте успеале во минатото…

Еден човек поминувал покрај слонови и одеднаш застанал, збунет од фактот дека овие огромни суштества се чувани со само едно мало јаже заврзано на нивната предна нога.

Тие немале ниту синџири, ниту кафези. Беше очигледно дека доколку сакале, тие би можеле во кое било време да се ослободат од своите окови, но поради некоја причина не го правеле тоа.

Тој во близина го забележал нивниот тренер и му пристапил со прашањето зошто овие животни воопшто не се ни трудат да избегаат. „Па“, почнал да зборува тој.

Кога беа многу млади и многу помали од сега, ги користевме истите јажиња за да ги врземе и на тие години беа доволни за да ги задржат. Како што растеа, така тие сè повеќе веруваа дека не можат да избегаат. Затоа сега, како возрасни, воопшто не се ни обидуваат да го направат тоа.“

Човекот останал без зборови. Овие животни би можеле во кое било време да се ослободат од своите јажиња, но не го прават тоа бидејќи веруваат дека не можат и дека се заглавени онаму каде што се.

Исто како животните, колкумина од вас поминуваат низ животот држејќи се за верувањето дека не можете да направите нешто само затоа што не сте успеале во минатото?

Коронавирус