вторник, 3. август 2021. Вести денес: 168
home Занимливости

Од играчка-плачка: Инстаграмџии се разболеа од „Синото Езеро“ што всушност е напуштен отровен рудник

Од играчка-плачка: Инстаграмџии се разболеа од „Синото Езеро“ што всушност е напуштен отровен рудник

Прекрасниот регион Галиција во Шпанија има многу знаменитости што треба да ги посетите. Напуштениот отровен рудник Монте Неме не е една од нив!

Instagram генерацијата не престанува да изненадува. Бројните инстаграмџии кои сакаат да станат инфлуенсери постојано се во потрага по нови, интересни локации каде ќе направат незаборавна фотка.

Едно од „откритијата на годината“ беше т.н. Сино Езеро кое со неговата азурна боја се чинеше идеална локација за ловење следбеници.

Има само еден проблем – тоа не е езеро, туку стар, напуштен рудник полн со вода што добива спектакуларна боја поради хемиската контаминација на почвата.

Неинформираноста значеше дека некои луѓе не само што дојдоа да се фотографираат таму, туку и влегуваа во водата, изложувајќи се на токсини што предизвикаа стомачни проблеми и осипи на кожа.

Еден од инстаграмџиите кои влегоа во загадената вода доби алергиска реакција поради која беше хоспитализиран две недели, но тој рече дека „вредело за фотографијата“.

Местото познато како Монте Неме било рудник за време на Втората светска војна и потоа со децении останал напуштен.

Доктор Мануел Фереиро од Итната служба на Универзитетската болница во Коруња вели дека кратка изложеност на контаминираната вода може да предизвика осип на кожата, а подолго престојување во „езерото“ може да резултира со сериозни здравствени проблеми.

Тоа сепак не ги разубедува луѓето очајни за внимание и тие продолжуваат да одат таму и да си го загрозуваат животот за едно „скапоцено“ селфи за лајкови.

Коронавирус