Рејчел Лин МекГинис, сопственичка на салон за средување на кучиња, своето милениче, пудлата Бижу, ја претвори во изгледот како поларна мечка.
Ова не е прв пат Бижу да биде средено во „фризурата“ за да изгледа како друго животно.
Досега таа била и пони коњче, змеј, па дури и паун, но овој пат толку добро беше изведена трансформацијата, што голем дел од публиката на социјалните мрежи беше убедена дека станува збор за вистинска поларна мечка.
-Некој ми пиша дека сериозни мислел оти станува збор за мечка. Неверојатно колку реалистично изгледа и на сликите и во живо, изјави Рејчел за Metro.
Таа откри дека за оваа трансформација на Бижу користела голема количина на лак за коса.
-Само за формирањето на крзното беа потребни 30 минути, но за нејзините влакна да израснат до должината потребна за оваа преобразба беа потребни 11 месеци, откри сопственичката.