понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 72
home Занимливости

Очилата на Махатма Ганди продадени на аукција за шест минути, цената неверојатно висока

Очилата на Махатма Ганди продадени на аукција за шест минути, цената неверојатно висока

Очилата кои му припаѓале на еден од основачите на модерна Индија, Махатма Ганди се продадени на аукција во Бристол за 260.000 фунти.

Проценката за очилата била 15.000 фунти, но цената почнала вртоглаво да расте за во шестата минута од аукцијата еден колекционер од САД да понуди 260.000 фунти.

Сопственикот на аукциската куќа, Ендру Стов за Би-Би-Си изјавил дека ова бил најскапо продадениот предмет од негова страна.

Претходниот сопственик на очилата бил стар човек од Манготсфилд, а во неговото семејство очилата биле од дваесетите години на минатиот век, кога негов роднина ги донел од Јужна Африка каде се запознал со Ганди.

-Очилата седеа во фиока со децении, а сопственикот ми рече да се обидам да ги продадам, а ако не успеам да ги фрлам. Во петокот вечерта ги остави во обичен плик во нашето поштенско сандаче, а со половина се гледаа и можеше било кој да ги земе. Кога му реков дека би можеле да вредат 15.000 фунти за малку ќе му се слошеше, а сега доби паричен износ кој ќе му го смени животот, додава сопственикот на аукциската куќа.

Коронавирус