сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

Новиот „ѕвер“ на Трамп чини 1,5 милиони долари, а кога ќе дознаете со што се е опремен ќе останете со подзинати усти (ВИДЕО)

Новиот „ѕвер“ на Трамп чини 1,5 милиони долари, а кога ќе дознаете со што се е опремен ќе останете со подзинати усти (ВИДЕО)

Во Њујорк во неделата американскиот претседател Доналд Трамп стигна со новата машина Кадилак базиран на моделот CT6.

Среде улиците на Њујорк беа забележани два исти автомобили кои ги користи тајните служби за безбедносни мерки на претседателот.

Тајната служба деталите за возилото ги чува далеку од очите на јавноста поради безбедносни причини, а се претпоставува дека новиот модел е направен од комбинација на челик, алуминиум и керамика.

Кадилакот е направен со заштитен систем и се проценува дека е тежок од 7 до 9 тони.

Се шпекулира дека поседува противпожарен систем, ноќна камера, вентилација и посебен систем за одбрана од ракетен напад.

Во случај претседателот да е повреден, лимузината е опремена со залихи крв од неговата крвна група, се со цел да му се пружи веднаш прва помош.

Коронавирус