недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 73
home Занимливости

Нова болест: Од претераното „зјапање“ во мобилните може да добиете „продолжен врат“

Нова болест: Од претераното „зјапање“ во мобилните може да добиете „продолжен врат“

Новите времиња носат нови болести. Лекарите предупредуваат дека прекумерната употреба на мобилните телефони можат да доведат до сериозни заболувања.

Конкретно, најмногу страда вратот поради тоа што при сурфањето на интернет и пишувањето на пораки главата е во поднавалена положба и се јавува т.н продолжен врат.

Тоа предизвикува болки во вратот што создава притисок и болки во главата. Лекарите објаснуваат дека главата на човекот е тешка скоро пет килограми и секое навалување го напрега вратот се до пршлените.

Тоа создава притисок кој може да има трајни последици по здравјето.