понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Никој не преживеал бегство од Алкатраз, но после 50 години се дозна вистината- ФБИ доби мистериозно писмо

Никој не преживеал бегство од Алкатраз, но после 50 години се дозна вистината- ФБИ доби мистериозно писмо

Затворот „Алкатраз“ до 1963 година бил најчуваниот и најбезбеден затвор во САД. Поради неговата локација на остров, во средината на заливот на Сан Франциско во Калифорнија, практично било невозможно да се побегне. Сепак, тоа не ги спречило повеќе од 30 затвореници да се обидат да стигнат до својата слобода.

Се верува дека никој не успеал да избега од Алкатраз до моментот кога до властите не стигнало мистериозното писмо на Френк Морис и браќата Џон и Кларенс Англен, кои завршиле во затворот поради грабеж на банка. Тие во 1962 година побегнале од озлогласениот затвор.

Троцата затвореници шест месеци се подготвувале за своето бегство. За целиот тој период копале тунели и ги прошириле вентилациските канали за да успеат да побегнат од затворската ќелија. Се верува дека потоа со сплав на надувување, кој го направиле од кабаници, пловеле низ водата во текот на ноќта и од тој момент никој не ги видел.

Претходно направиле и кукли со кои требало да ги залажат стражарите за да не забележат дека не се во своите ќелии. Главите ги направиле од смеси на тоалет хартии и сапун, а за косата ги користеле сопствените влакна. Многумина не верувале дека тројката преживеала и дека стигнала до својата слобода.

ФБИ верува дека браќата се удавиле за време на бегството, но семејството Англин тврди дека успеале, дека со едниот од нив е сè уште во контакт и дека тој живее некаде во Бразил.

Во седумдесеттите години се појавиле фотографии од нив, со кои тие се обиделе да докажат дека се живи, а во 2013 година се појавило и писмо, кое Џон Англен наводно го испратил до ФБИ.

„Моето име е Џон Англен. Во 1962 година со мојот брат Кларенс и Френк Морис побегнав од Алкатраз. Имам 83 години и сум во лоша здравствена состојба. Боледувам од рак. Да, таа ноќ се извлековме, едвај, но се извлековме. Френк умре во октомври во 2005 година. Неговиот гроб е некаде во Александрија, закопан под друго име. Мојот брат почина во 2011 година. Ако ова го објавите на телевизија и гарантирате дека нема да го поминам остатокот од мојот живот во затвор, дека ќе добијам право на лекување, ќе ви ја откријам мојата точна локација. Ова не е шега“, напишал Џон во писмото што го испратил до ФБИ.

Според писмото, Џон поголемиот дел од својот живот го живеел во Сиетл, а осум години ги минал во Северна Дакота. Во време кога го испратил писмото, наводно живеел во Јужна Калифорнија. Роднина на браќата Англен изјавил дека неговата баба, неколку години по бегството, почнала да прима рози со потпис на Џон и Кларенс.

Оваа година ФБИ потврди дека писмото навистина постои. Истрагата за нивното бегство ќе остане на сила до 100. роденден на секој од наведените бегалци.

Коронавирус