четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

Никогаш не е доцна: Оваа баба има 100 години, а наскоро ќе се венча за 26 години помлад маж

Никогаш не е доцна: Оваа баба има 100 години, а наскоро ќе се венча за 26 години помлад маж

100 годишната Нора Виткис од Велс наскоро би требало да се омажи за својот вереник Малколм Јејтс кој е од неа помлад 26 години.

74 годишниот Јејтс и Нора се запознале на танцување. Во врска се повеќе од 30 години, а би требало да се венчаат во октомври.

Нора која во декември би требало да наполни 101 година вели дека сака да се венча „пред да биде предоцна“. Нора и порано била во брак два пати.

-Се веселиме на венчавката. Се плашам дека уште повеќе ќе остарам и ќе ја пропуштам приликата, вели Нора, која претходно има работено како готвачка во училиште.

Фустанот го припремила а фустанот е веќе нарачан. После венчавката со семејството и пријателите ќе отиде во ресторан.

-Секогаш сме заедно и секаде одиме заедно. Многу патувавме, а често и танцувавме. Најмногу сакаме ча-ча-ча, вели Јејтс кој работел како возач на автобус.

Нора се родила во 1917 година и за првиот сопруг Фред Томас се омажила на 18 години. Откако тој починал, во 1970 година се омажила за Берт Виткис, со кого во брак била 16 години. Има едно дете. Вели дека тајната на долговечниот живот е во движењето.

-Треба да се биде активен. Мојот живот навистина беше добар, уживав. Сакам да запознавам нови луѓе и да зборувам со нив. Сакам да работа и излегувам. Сега не танцувам зошто не можам да се свртам и страв ми е да не падна, вели Нора и додава дека многу од луѓето не и веруваат кога ќе каже дека има 100 години.

Освен и не се чувствувам така и тоа е најважно, вели Нора.

Коронавирус