сабота, 8. август 2020. Вести денес: 30
home Занимливости

Никако не го подарувајте ова за Нова година

Никако не го подарувајте ова за Нова година
Man holding Christmas present

Изборот на подароци за Нова година знае да биде навистина тешка задача. Подарокот зборува за оној кој го добива, но и за оној кој го купува.

Остри предмети – не дарувајте ножеви, ножици, отворачи за писма, отворачи за чаши, зашто претставуваат сечење на односот.

Празни паричници и торби – ако подарувате паричник или торба, ставете малку пари во нив, парите симболизираат благосостојба на оној кој го прима подарокот.

Билки и цвеќе со трње – кактусите и други растенија со трње не се добри подароци, а избегнувајте и рози, зашто означуваат нарушување на односот. Ако добиете роза со трње од партнерот, извадете ги трњето за да си овозможите врска без проблеми.

Бонсаи и слични минијатурни билки – одлучете се за бујни и здрави билки со заоблени листови кои симболизираат просперитет и здрав живот.

Часовници и антиквитети – предметите кои покажуваат време или го симболизираат неговиот тек се лош подарок зашто го претставуваат односот со ограничен век на траење.

Шамичиња – не подарувајте шамичиња, зашто означуваат бришење солзи и повикуваат на плач или болест.

Коронавирус