понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 141
home Занимливости

Невообичаен маратон: 500 метри, пауза за крофни, кафе, пиво (ВИДЕО)

Невообичаен маратон: 500 метри, пауза за крофни, кафе, пиво (ВИДЕО)

Маратон за луѓе кои мразат да трчаат од само 500 метри денеска ќе се одржи во градчето Борни во сојузната американска држава Тексас.

Маратонот почнува од една пивница, а завршува кај соседната. Секој учесник пред почетокот добива чаша пиво, а во текот на „трката“ има штандови за пауза каде што тие можат да јадат крофни или да пијат кафе и пиво.

За оние кои навистина не сакаат да трчаат, организаторите подготвиле и комбе кое натпреварувачите треба да ги пренесе низ патеката.

-Придружете се до колегите „забушанти“ на еден ден (всушност на десетина минути на прослава…). Вашето учество ќе помогне за собирање пари за една одлична организација, „Благослов во ранец“!, напишаа организаторите на трката во повикот за учесници на маратонот.

Првично, идејата била во него да учествуваат околу 100 луѓе, но поради необичноста маратонот стана популарен и сега има повеќе од 1.000 учесници.

Коронавирус