среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Невестата избега: Се појави поранешната на младоженецот во венчаница и направи хаос (ВИДЕО)

Невестата избега: Се појави поранешната на младоженецот во венчаница и направи хаос (ВИДЕО)

Невестата во солзи, гледа како венчавката ја уништува нејзината соперничка.

Видео кое стана хит на социјалнте мрежи, а снимено е во Кина покажува една необична случка.

Имено, среде венчавка, влегува поранешна девојка на младоженецот, која за таа прилика избрала да облече венчаница, па паѓа на колена пред него и го моли да и се врати.

„За сè сум јас виновна, те молам врати ми се“ вели низ солзи девојката, молејќи го младоженецот да се предомисли и да се врати.

Таа своето влегување го темпирала токму пред првиот бакнеж на младенците, а секако сватовите веднаш извадиле телефони за да го снимат овој несекојдневен настан.

Додека девојката го молела да се врати со неа во врска, младоженецот цело време ја држел за рака својата идна сопруга, но во еден момент таа неможејќи да ја поднесе целата ситуација, ја напушта венчавката.