сабота, 28. март 2020. Вести денес: 112
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Занимливости

Неверојатно: Изгубиле бурма на одмор, но ја пронашле 10 години подоцна

Неверојатно: Изгубиле бурма на одмор, но ја пронашле 10 години подоцна

Алана Милан (33) и нејзиниот 39-годишен сопруг Русел биле на меден месец во Фиџи кога еден од нивните прстени исчезнал без трага. После пребарувањето во океанот, новопечените сопружници се помириле со тоа дека прстенот повеќе никогаш нема да го видат. Меѓутоа, десет години покасно во неформален разговор помеѓу Русел и неговиот колега Вил, насетил дека сепак постои малку надеж.

 „Пред отприлика две недели, мојот сопруг беше на пиво со колегата и низ разговор заклучиле дека двајцата биле во Фиџи. Русел спомнал дека изгубиле бурма, а Вил се надоврзал дека две години подоцна пронашол прстен кој бил прекриен со песок и им го дал на родителите да го чуваат. Но, Русел не помислил дека тоа е неговиот прстен, сепак станува збор за две години подоцна.

По два дена, колегата го зел прстенот од родителите и му го покажал на Русел. А, тоа бил неговиот изгубен прстен.

„Цела приказна е неверојатна. Се уште не можам да верува. Но, смешно е тоа што на сопругата и го ставив повторно прстенот, но сега повеќе не може да го извади. Малку деталите на него изгледаат старо, но тоа е нормално со оглед на тоа колку време поминал на океан“.

Парот оваа година слави 10 години од бракот, па планираат повторно да одат на „местото на злочинот“. Само овој пат, веруваме добро ќе ги чуваат прстените.