четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Занимливости

НЕВЕРОЈАТНО: Годизила отиде на шопинг – снимиле огромен гуштер во продавница како руши сè од полиците (ВИДЕО)

НЕВЕРОЈАТНО: Годизила отиде на шопинг – снимиле огромен гуштер во продавница како руши сè од полиците (ВИДЕО)

Видеото, на кое се гледа како голем гуштер влегува во локална продавница и се искачува на полиците, стана вирално на Твитер, каде досега го погледнале повеќе од 7,2 милиони луѓе.

Видеото покажува гуштер кој се обидува да се искачи на полиците на пазарот во Тајланд. По неколку обиди и десетици соборени производи, тој успеа да стигне до врвот на полицата и да остане таму.

Успеа да привлече внимание, па многумина на Твитер почнаа да се шегуваат со него. Некои од коментарите беа: „Вака се однесувам кога влегувам во продавница без маска“, „ме потсетува на ситуација кога сум во продавница и се борам да најдам нешто, а продавачот само гледа во мене “.

Сепак, имаше и такви кои беа загрижени и се надеваа дека некој успеал да му помогне на непослушниот гуштер да излезе надвор.

Коронавирус