петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Занимливости

НЕВЕРОЈАТНО ФОТО: Уметничка ги спојува светските ѕвезди со нивните Дизниеви двојници

НЕВЕРОЈАТНО ФОТО: Уметничка ги спојува светските ѕвезди со нивните Дизниеви двојници

Руската дигитална уметница Хелен Моргун, која живее во Шпанија, се обиде да ги спои некои од светските ѕвезди со нивните Дизниеви двојници. Следат резултатите од сè тоа…

На нејзините уметнички дела, пејачката Ријана е претставена како принцезата Тијана од бајката „Принцезата и жабецот“, глумицата Луси Лиу како Мулан, Били Ајлиш како Кид Недак, а пак Селена Гомез – како Моана.

Со својот стил Лејди Гага би била речиси совршена во улогата на Урсула, вештерката од цртаниот „Малата сирена“. Ема Стоун пак, руската уметничка ја замислува како Круела де Вил – највпечатливиот лик од 101 далматинец.

Хелен се занимава со цртање од своето детство. Некогаш сликала со мрсни и водени боици, а денес портретите ги твори во дигитален облик.