недела, 15. септември 2019. Вести денес: 12
home Занимливости

Неверојатна случајност: Новозеландско семејство со исти имиња како британското кралско семејство (ФОТО)

Неверојатна случајност: Новозеландско семејство со исти имиња како британското кралско семејство (ФОТО)

Четири деца на новозеландското семејство носат кралски имиња , се покажа откако британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган го добија синот Арчи.

„Какви се шансите ова да се случи” , вели Џо Стафорд од јужниот град Отага за новозеландските медиуми. Нејзините деца се викаат Шарлот (11) , Хари (9) , Џорџ (7) и Арчи (4).

„Тоа е целосно изненадување , од секогаш ни се допаѓаа овие имниња.Прво дојде принцот Џорџ , потоа принцезата Шарлот. А сега и Арчи. ” ,  вели Стафорд. Откако војводата и војвотката од Сасекс го објавија името на новородениот син Арчи , семејството Стафорд било затрупано од пораки од пријателите за неверојатната случајност.