понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 62
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Занимливости

Неверојатна сцена: Крава испаднала од комбе насред пат, а возачот не ни забележал…

Неверојатна сцена: Крава испаднала од комбе насред пат, а возачот не ни забележал…

Еден возач од Сребреник снимил неверојатна сцена насред пат – како крава паѓа од комбе. Оваа снимка со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи.

Имено, додека сопственикот на снимката бил во својот автомобил, пред него се движело комбе во кое имало крава, пренесуваат локалните медиуми.

Главата на кравата прво кратко се појавила од прозорецот на комбето, а бидејќи задните врати не биле добро затворени, во еден момент се отвориле и животното паднало.

Возачот на комбето не забележал што се случува и без проблем продолжил онаму каде што тргнал.

Видеото е објавено на страницата „Policija zaustavlja“ и има повеќе од 250.000 прегледи.

Коронавирус