сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 0
home Занимливости

Неверојатна кражба: 44 тони чоколадо украдени во Германија

Неверојатна кражба: 44 тони чоколадо украдени во Германија

Германската полиција трага за лица кои во петокот украле 44 тони чоколадо од југот на земјата.

Полицијата денес соопштила дека две приколки натоварени со чоколадо се украдени од индустриски парк. Вредноста на чоколадото се проценува на 400.000 евра.

Во саботата бил пронајден еден камион, возачот избегал, а приколката останала натоварена со голем дел од чоколадото.

Втората приколка е пронајдена во друг град, во близина на границата со Франција. Две третини од чоколадото како и градецот исчезнале.

Полицијата започнала потрага по крадците и ги повикала граѓаните доколку имаат било каква информација да ја пријават.

 

Најнови вести

Коронавирус