петок, 18. септември 2020. Вести денес: 138
home Занимливости

Неверојатна глетка: 300 делфини во „стампедо“ ВИДЕО

Неверојатна глетка: 300 делфини во „стампедо“ ВИДЕО

Прекрасната сцена доаѓа од Дејн Порт, Калифорнија. Станува збор за вистинско „стампедо“ од делфини, а се чини дека имало околу 300 единки.

Како што пренесува OC Register, делфините се движеле мошне брзо, па повеќе време поминувале во воздух отколку што биле во вода.

Не се знае точната причина поради која се случуваат стампедата со делфини, а некои од можните причини е бегањето од предаторите, потрагата по храна или „состанокот“ со друга група делфини.

Југот на Калифорнија е, инаку, познат по тоа што таму има најголема густина на делфини по метар квадратен, а се проценува дека во овој регион ги има околу 450.000.

Ова може да се смета дури и за мала група, бидејќи досега биле видени групи од по 10.000 делфини.

Коронавирус