понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 54
home Занимливости

Несекојдневна сцена – дошла на состанок на слепо, па останала заглавена во неговиот дом поради карантинот

Несекојдневна сцена – дошла на состанок на слепо, па останала заглавена во неговиот дом поради карантинот

Една девојка од Кина останала затворена во домот на едно момче каде дошла на прв состанок, откако властите  на тоа место вовеле карантин.

Жената која се претставила само како Венг објавила на социјалните мрежи дека ја снашло несекојдневна ситуација.

Таа во пресрет на Новата година одлучила да ги посети родителите и родниот град, раскажувајќи дека бидејќи е стара веќе десетина состаноци на слепо и организирале нејзините родители.

-Момчето со кое требаше да се видиме ми напиша дека е добар готвач и ме покани на вечера кај него дома, раскажуваа таа.

Но, во текот на вечерта во тој дел од градот бил воведен карантин со што таа требала да остане кај него неколку дена.

Таа четири дена била во неговиот дом, раскажувајќи дека ситуацијата не е идеална, но и дека и готвел секој ден.

Засега не е познато дали таа се уште е во неговиот дом, но најверојатно е бидејќи во тој дел од градот се уште има случаи на коронавирусот.

Коронавирус