сабота, 8. август 2020. Вести денес: 24
home Занимливости

Непознати лица украле камион полн со чоколади: Австриската полиција на нозе

Непознати лица украле камион полн со чоколади: Австриската полиција на нозе

Невообичаена кражба моментално и задава проблеми на австриската полиција во Тирол.

Еден автопревозник од Австрија добил од една компанија налог да превезе камион полн со чоколади во петоцифрена вредност од Блуденц до Белгија.

Откако австрискиот превозник го проследил налогот до друга фирма, непознат крадец се “вмешал“ и исчезнал камионот полн со чоколади.

„Автопревозникот го проследил налогот за превоз на стока до унгарска компанија, а таа фирма потоа ја проследила работата до чешка фирма. Непознато лице дошло до унгарската компанија и рекло дека е од чешката фирма и ја презело стоката во Блуденц, но чоколадото никогаш ен стигнало до Белгија“, наведе полицијата.

Се утврдило дека табличките, кои биле на камионот со кој непознатиот маж дошол по стоката, биле украдени.

Засега чоколадото е исчезнато без трага, а полицијата се обидува да го реши овој „заплеткан“ случај.

Коронавирус