среда, 13. ноември 2019. Вести денес: 0
home Занимливости

Неопходни витамини за луѓето со автоимуни заболувања

Неопходни витамини за луѓето со автоимуни заболувања

Автоимуните заболувања се едни од најчестите во светот. Според специјалистите начинот на исхраната и начинот на живот, може да помогнат во балансирањето на имунолошкиот систем и за намалувањето на воспалителните процеси во организмот. Од суштинско значење е и внесувањето на одредени витамини и микроелементи. Видете кои.

 

Витамин А

Витаминот А е од исклучително значење за луѓето со автоимуни заболувања. Голем број истражувања докажаа дека кога има дефицит на овој витамин, тоа често води до уништување на заштитата на слузокожата.

Тоа е и причина за зголемување на ризикот од инфекции на дишните патишта и на гастроинтестиналниот тракт. Витамин А може да си набавите преку потрошувачката на храна од животинско потекло, како риба, школки, црн дроб, како и на млечни производи, но исто така и од консумацијата на слатки компири и моркови.

 

Витамин Д

Недостатокот во организмот на Витамин D е поврзан со развојот на лупус, ревматоиден артритис, дијабетес тип I, а исто така е проследен и со зголемување на фреквенцијата на заразните болести.

Слично на витаминот А, витамин D присуствува главно во животинските и млечни масти. Тој може да биде синтетизиран од организмот, кога поминуваме барем половина час на ден изложени на сончева светлина.

 

Витамин K2

Според истражувањето спроведено врз стаорци, витаминот К2 дал позитивен ефект во третманот на имунолошкиот систем и воспалителни процеси на ‘рбетниот мозок на стаорците кои имале неколку симптоми на мултиплекс склероза.

Витамин К се содржи во големи количини во јапонската ферментирана соја – натто. Ако не ја  најдете во продавниците, може да ја замените, со конзумирање паштета или пилешки дроб, сирење, жолчка од јајце.

 

Железо

Дефицитот на железо е поврзан со многу автоимуни болести. Затоа е важно да консумирате храна богата со минерали како говедско месо, црн дроб, спанаќ и други.

 

Други микроелементи

Недостатокот на микроелементи како селен, магнезиум и цинк, исто така може да биде поврзан со некои автоимуни заболувања. Ова се должи на хронично воспаление, кое ја намалува апсорпцијата на хранливи материи. Поткаснувајте повеќе јатки и семки, црн дроб, грав, грашок, леќа, гриз, риба, морски плодови и друго.