сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 64
home Занимливости

Необична атракција во Истанбул: Иранец продавал лубеници од багажникот на неговото виолетово Ламборџини

Необична атракција во Истанбул: Иранец продавал лубеници од багажникот на неговото виолетово Ламборџини

Пред автомобилите да станат вообичаен дел од 20-от век, уличните продавачи овошјето и зеленчукот го продаваат од шарени автомобили кои ги влечеле коњи.

Тоа било повеќе од вообичаена слика во бројни делови од светот. Сепак, еден човек од Турција дал навистина модерен пресврт на целата приказна, кога продавал лубеници од багажникот на едно Ламборџини.

Господинот, кој на почетокот се претставил дека има арапско потекло, продавал лубеници за пет лири од багажникот на неговото виолетово Ламборџини Авентадор. Овој, т.н. ‘инцидент’ се случил на најфреквентната улица во Истанбул, а малку е да се каже дека господинот продавач станал сензација за само неколку минути.

Според турската новинска агенција „T24“, продавачот брзо привлекол голема маса која сакала од него да купи овошје.

Кога репортерите стигнале на лице место, мистериозниот сопственик влегол во својот суперавтомобил и побегнал. Тој исто така ги исфрлил лубениците од багажникот на тротоар пред да исчезне од местото, без да го открие својот идентитет.

По кратко пребарување на неговите регистарски таблички, откриено е дека Ламборџинито е регистрирано во Анталија. Никој не знае кој е мотивот за продажбата на лубеници од ваков скапоцен автомобил, па многу лесно може да биде само обид за прославување преку ноќ. Сепак, знаеме дека Ламборџини брендот нема да биде среќен поради сето ова, бидејќи тие генерално не реагираат добро на ваков тип на публицитет.

Како што било откриено подоцна, автомобилот му припаѓал на човек од Иран, кој секако ги забавувал минувачите, но не и локалната полиција. Поради оваа случка, казнет е со околу 156 долари, бидејќи го користел возилото на начин на кој не е предвиден во неговата регистрација. Покрај тоа, добил и забрана за возење од 15 дена.

Коронавирус