четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 66
home Занимливости

Нема веќе голи девојки и пијанчење: Познатиот остров го менува својот имиџ- следуваат огромни казни

Нема веќе голи девојки и пијанчење: Познатиот остров го менува својот имиџ- следуваат огромни казни

Властите во Палма де Мајорка реши остро да го казни нудизмот, сексот на јавни места, алкохолизирање и агресивно однесување.

Како што јавуваат шпанските медиуми, однесувањето на туристите ја премина секоја мерка, па тие се замолуваат тие да се однесуваат одговорно. Во случај да не го почитуваат новиот закон, може да се соочат со високи казни.

Секој кој ќе шета топлес во градот ќе плати казна од 3000 евра, а поголеми казни ги очекуваат оние кои имаат секс во јавност. Уште поголеми казни ќе добијат оние кои од балконите скокаат во базен, а очигледно ова е честа појава штом е внесена во новите правила.

-Ќе го нападнеме ексцесивниот туризам со секоја сила. Не сакаме да се направи поглешна слика за нашиот град. Сакаме да ја подобриме Палма, рече градоначалникот Антони Ногуера.

Измените во законските прописи почнаа по жалбите на локалното население на кои им е доста од ваквото однесување на странците.

Коронавирус