понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 50
home Занимливости

Неколку совети кои ќе ви помогнат да престанете да ги грицкате ноктите

Неколку совети кои ќе ви помогнат да престанете да ги грицкате ноктите

За да се одвикнете од оваа грда навика, потребни ви се неколку практични совети кои можат лесно да се применат, без да вложите многу труд.

Мачкајте ги рацете со хидратантна крема

Покрај себе чувајте крема за раце и употребете ја кога ќе почувствувате потреба да ги грицкате ноктите.

Користете лак за нокти

Користете лак за нокти којшто има горчлив вкус. Нанесете го овој лак преку целиот нокт и кожата над него.

Препознајте што ве тера да ги грицкате ноктите

„Ако ги грицкате ноктите кога сте нервозни, препознајте што е тоа што ви создава напнатост“, вели д-р Киерон О’Конор, директор на центарот за истражување спектри за опсесивно-компулсивни нарушувања на Универзитетот во Монтреал.

Грицкањето нокти заменете го со добра навика

Кога еднаш ќе станете свесни дека станува збор за лоша навика обидете се да ја спречите така што ќе создадете нова. Треба да имате на ум дека се потребни близу три седмици за да се ослободите од старата и да развиете нова навика.

Не бидете строги кон себеси

Луѓето кои грицкаат нокти обично се перфекционисти. Во некои моменти овие луѓе можат да чувствуваат дека никогаш не чинат доволно, дури и кога сè прават како што треба. Токму такви ситуации го поттикнуваат грицкањето нокти. Затоа, размислете кои емоции и мисли предизвикуваат да грицкате нокти и сигурно со текот на времето засекогаш ќе ја смените оваа лоша навика.

ЕУРО 2020

Македонија