петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 62
home Занимливости

Некој ги осудува, друг поддржува: Не можеа да им одолеат на страстите ниту пред патниците во преполн авион (ВИДЕО)

Некој ги осудува, друг поддржува: Не можеа да им одолеат на страстите ниту пред патниците во преполн авион (ВИДЕО)

Во авион кој летал за Мексико еден пар се заигра пред останатите патници.

Брачен пар од Соединетите Американски Држави се сместиле во задниот дел на авионот надевајќи се на мирен и пријатен лет, но набрзо присуствувале на жестока акција на еден пар.

Љубовниците, кои биле сместени на последните седишта во авионот, без трошка срам се нафрлија еден на друг.

-Мајка ми и татко ми сакаа пријатен лет за Мексико, а потоа ми го пратија ова, напиша Килеј Тули на Твитер, а потоа сподели видео од ситуацијата.

 

Клипот го снимила нејзината мајка, а на снимката може да се види дека останатите патници не се упатени во случувањата во задниот дел на авионот – освен еден кој цело време гледа низ прозорецот за да ја игнорира ситуацијата.

Авиопревозникот Силвер Ервејс потврди дека снимката е направена во нивен авион, но не ја коментираше природата на однесувањето на патниците. Твитот досега е прегледан од повеќе од шест милиони луѓе.

Коронавирус