четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 18
home Занимливости

Нејзината венчавка сите ќе ја паметат: Влезе во салата, го соблече фустанот, а потоа сите гости занемеа (ВИДЕО)

Нејзината венчавка сите ќе ја паметат: Влезе во салата, го соблече фустанот, а потоа сите гости занемеа (ВИДЕО)

Стефани Пејн на почетокот на церемонијата на својата венчавка, кое беше одржано во Хјустон, беше во блескава златна венчаница.

Но, кога дојде време за тверкањето, излезе во потполно друга комбинација.

Се пресоблече во жешки панталончиња и црвено- црн топ, на нозете имаше високи чизми со потпетици, а на лицето имаше ставено маска. И така тргна акцијата.

На крајот од тверкањето направи шоу со салто назад и трчајќи цела точка ја заврши со шпага.

Малку е да се каже дека сватовите на венчавката беа воодушевени од овој настап. Тие „подивеа“ од воодушевување. А слично реагираше и публиката на интернет, затоа што снимката за кратко време стана вирална.

Пејн кажа дека само сакала нејзиниот настап да остане изненадување затоа сакала нејзиниот сопруг Џастин и гостите да уживаат во добро шоу.

-Се сеќавам на реакцијата на гостите кога тргнав со настапот. Сите беа воодушевени. Го видов таму и мојот сопруг. Сакав и тој да биде воодушевен и сите да бидат среќни, кажала невестата.

Но, имало и такви на кои нејзиниот настап не им се допаднал. Пејн на нив им порачала дека би требало да бидат отворени кон нови работи и дека би требало да размислуваат „надвор од кутирата“.

-Зошто би била како другите? Каде е акцијата? Каде е тука среќата? Каде се тука журката и славјето? Зошто се мора да биде средено во склад со обичаите? Сакаме права забава, порача оваа храбра жена.

Како и да е, без разлика какви се коментарите, дали позитивни дали негативни, таа нејзината успеа да биде задоволна од самата себе.