вторник, 19. јуни 2018. Вести денес: 0
home Занимливости

Нејзината ќерка се разбудила парализирана: Кога ја открила причината морала да ги предупреди сите родители!

Нејзината ќерка се разбудила парализирана: Кога ја открила причината морала да ги предупреди сите родители!

Џесика Грифин од Мисисипи доживеа вистински ужас, после што мораше јавно да апелира до сите родители. Нејзината ќерка била гризната од крлеж, после што состојбата и се влошила.

Девојчето минатата среда мајка и ја будела за на училиште, но таа не можела да ги помести нозете. Мислела дека нозете и се втрнале, но потоа забележала дека петгодишната ќерка едвај зборува.

Почнала детално да ја прегледува, а потоа на главата и пронашла крлеж. Мајката со ќерката веднаш отишла во брза помош, каде лекарите востановиле дека токму крлежот е причина поради која се парализирало девојчето. Парализата ја предизвикува неуротоксинот кој се наоѓа во крлежот.

Како би ги предупредила родителите од опасноста од крлежи, мајката ја споделила приказната јавно на Фејсбук и апелирала до сите родители да ги прегледаат своите деца.

Вечерта пред да се случи ова девојчето се однесувало потполно нормално, биле надвор, мајката ја избањала и ја измила косата, но не го забележала крлежот.

Проблемот настанал утрото кога требало да се разбуди за училиште.

-Почнав да ја чешлам и да и го врзувам репчето кога забележав дека едвај зборува. Кога и ја кренав косата видов крлеж. Веднаш го повикав сопругот кој е во Ирак. Ми рече крлежот да го ставам во вреќичка и веднаш да одам во брза помош, што и направив, раскажува мајката.

Девојчето било задржано во болница на прегледи, а лекарите веднаш објасниле дека ќе почне да се опоравува после 12 до 24 часа, што и испаднало точно.

-Ве молам, проверете ги своите деца и проверете дали имаат крлежи, апелираше оваа мајка после проблемот кој го имала со својата ќерка.