вторник, 18. декември 2018. Вести денес: 171
home Занимливости

Неговите родители работеле и по две смени како би имал се што сака: Тој им приреди емотивно изненадување кое ќе го паметат (ВИДЕО)

Неговите родители работеле и по две смени како би имал се што сака: Тој им приреди емотивно изненадување кое ќе го паметат (ВИДЕО)

ЛеХуан Џејмс е популарен јутјубер кој стана популарен поради својот хумор и страста која ја внесува во своите снимки.

Пред да стане познат никој не знаел кој е тој. Да не биле неговите родители, него би го немало денеска. Тие се во брак 33 години, а тој вели дека им должи се во животот.

Во текот на животот неговите родители се жртвувале се за неговите браќа и сестри да ги имаат работите кои тие ги имале додека растеле. После децении тешка работа, ЛеХуан испланирал изненадување за своите родители.

Пред да стане јутјубер, неговите родители работеле екстремно тешки работи. Се преселиле од Порторико во САД. Неговата мајка била чистачка во Дизниленд преку ден, а навечер и во текот на ноќта работела во продавница која работи 24/7. Неговиот татко бил домар кој исто така работел во смени во Бургер Кинг и често работел во текот на ноќта.

Двајцата работеле полни смени да би го издржувале своето семејство. Иако ЛеХуан не говорел често за своите родители, бил благодарен за нивното жртвување.

После повеќе години, кога изградил своја кариера, бил во можност својот сон од детството да го претвори во реалност. Целиот живот мечтаел за тоа на своите родители еден ден да им купи куќа.

Конечно и успеал во тоа. Им ставил превез преку очите и ги однесе до тоа место. Во видеото неговите родители се збунети затоа што не знаат што се случува.

Кога ги тргнаа превезите, помислиле дека купил нова куќа за себе, а потоа сфатиле дека тоа е подарок за нив. Тоа е многу емотивен момент кој сигурно никогаш нема да го заборават.

ЛеХуан не можел да ги сопре солзите кои течеа низ неговото лице.