четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 70
home Занимливости

Не заборавајте денеска да замислите желба за време на последната полна месечина во 2018 година

Не заборавајте денеска да замислите желба за време на последната полна месечина во 2018 година

Последната и најјака полна месечина во 2018 година ќе имате прилика да ја видите денес на 22 декември. Поради студените денови во кои се јавува неа ја викаа и Студена/Ладна Месечина, а поради тоа што во прашање е последната полна Месечина во годината, позната е и како Долга месечева ноќ. Според верувањата, на оваа полна Месечина треба да посакате некоја желба и таа ќе ви се оствари.

Имајте на ум дека оваа полна месечина ќе биде во знакот на Ракот, во четвртото поле на домот и семејството. Емоциите ќе бидат многу нагласени, а бидејќи Месечината ќе биде и во аспект со Сатурн, работите нема да бидат лесни. Многумина ќе се вратат во минатото со помош на сеќавањата кои можат да бидат и добри и болни, што зависи од аспектот во личниот хороскоп.

Секако, бидете во друштво на семејното опкружување и прославите. Избегнувајте расправи и гледајте собирите да ги доведете во енергијата на љубовта, топлината и хармонијата. Бидејќи Венера ќе биде во знакот на Шкорпијата таа ќе направи добар аспект со Нептун, па има и добри шанси таа вашите негативни емоции да ги трансформира во хармонија и љубов.

Пред многумина од вас се убави и хармонични случувања за време на оваа полна Месечина, но некои можат да имаат стресен и тежок период. Најголемо влијание ќе осетат лицата од првата декада на Ракот, Јарецот, Овенот и Вагата. Бидејќи полната Месечина паѓа во првата декада на Ракот, така сите кои се родени во првата деката на секој знак ќе почувствуваат јаки вибрации.

Коронавирус