петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 110
home Занимливости

„Не ме снимајте истовремено со неа“: Стројната македонска мисица ја засени Лила во „Се или нешто“ (ФОТО)

„Не ме снимајте истовремено со неа“: Стројната македонска мисица ја засени Лила во „Се или нешто“ (ФОТО)

Девојката која ни се смее од билбордите, а исто така досега многупати освоила бројни титули за убавина, меѓу кои и Мис на Македонија, Надица Димковска од Скопје, беше учесничка во „Се или нешто“ на телевизија Сител.

Очигледно на македонските убавици им стана предизвик да водат битка со банкарот и да му го подиспразнат сефот.

Овој пат таа улога и припадна на атрактивната Надица која со својата височина направи Лила да се пошегува на своја сметка во однос на височината, па кажа камерите да не ги снимаат истовремено, за да не биде толку упадлива разликата.

Секако ова беше само шега од нејзина страна, а пак Надица која инаку е студентка на факултетот за туризам и менаџмент, освои убави 105 илјади денари.

Во поддршката ја имаше мајка си, братучедот и другарка/манекенка од модното студио „Црнокрак“, каде имено се членки.

Крајот беше најинтересен, кога Лила ја натера Надица да застанат една до друга, за гледачите и публиката убаво да видат колаква е разликата во височина меѓу нив.

И овој пат Лила покажа и докажа дека знае да се пошегува на своја сметка, па дути и кога е засенета од ваква сторјна и доста помлада убавица.

Коронавирус