понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 97
home Занимливости

Не е Балканот надвор од памет, туку паметот е надвор од Балканот!

Не е Балканот надвор од памет, туку паметот е надвор од Балканот!

Ние не извезуваме сировини, ние извезуваме готови производи, дипломирани лекари, инженери, професори. Сировините остануваат во земјава и владеат.
Не градиме ни фабрики, страници ни ги градат фабриките.
Ние градиме цркви и џамии.
Ние се надеваме дека Бог ќе ни помогне.
Тој, дури и ако постои, одамна има кренато раце од нас.
Ги школуваме децата, а потоа некоја друга држава го користи нивното знаење.
Скапото школување се претвора во евтина работна сила.
Доколку останат, нивното знаење не вреди ни денар доколку не се врзат за партиска книшка.
Љубовницата на кумот вреди повеќе од нечии десетки на факултет.
Другарот на братот вреди повеќе од нечиј докторат.
Фамилијата и побратимите повеќе од државата и народот.
Државниот имот всушност е партиски.
Оној кој има партиска книшка има повеќе привилегии отколку кој било друг.
Дното не ни е само на врвот, дното е на сите страни.
Умот со години си заминуваше оттука и затоа сега глупоста владее.
Имаме ликови чија професија е да бидат патриоти.
Порано патриотизмот беше чиста љубов кон својата зелја.
Денес тоа е многу профитабилна професија.
Нема љубов кон своите, туку само омраза кон другите.
Вредносниот систем е сосема превртен наопаку.
Реалити шоу во секој сегмент од животот.
И алал да му е на оној кој ќе излезе од тоа реално шоу.
Тој си отишол и се спасил.
Издржавме 50 години во комунизам, 20 во некаков капитализам и сега останува да видиме колку ќе издржиме во овој идиотизам