четврток, 22. април 2021. Вести денес: 59
Во живо

Протест на угостителите и туристичките агенции

home Занимливости

НАВИСТИНА СПЕКТАКУЛАРНО: НАСА објави досега невидени фотографии од Јупитер (ФОТО+ВИДЕО)

Леталото Џуно, вредно милијарда долари, лансирано е во 2011 година, а на 16 декември ја доврши својата 10-та обиколка околу Јупитер.
НАВИСТИНА СПЕКТАКУЛАРНО: НАСА објави досега невидени фотографии од Јупитер (ФОТО+ВИДЕО)

Леталото на НАСА, Џуно неодамна сними фасцинантни фотографии од Јупитер, кои ги виде целиот свет.

Фотографиите се обработени во посебни програми, во кои помеѓу останатото им се додадени бои. Насловната, која потсетува на слика на Ван Гог, ја обработиле граѓани-научници Џералд Ееирштад и Шон Доран, на основ на податоците од леталото Џуно. Боите на неа не се целосно верни.

Како пример, врвовите на облаците на Јупитер посматрајќи кога би лебделе над нив не би изгледале сино. Меѓутоа, обработката овозможува да се видат контурите на атмосферата на Јупитер, кои на снимките не се толку јасни.

-Јупитер е убав и посебен, но ако премногу му се доближите тој ќе биде вашиот крај, напиша британскиот графичар, Шон Доран, кој веќе некое време волонтерски се занимава со обработка на фотографиите на НАСА.

Џуно фотографиите ги забележал на 16 декември 2017 година, кога од облаците бил оддалечен 13.345 километри, што малку повеќе од обемот на Земјата.

Необработените снимки од Џуно се објавуваат на веб страната „JunoCam“, така што можат да ги обработуваат многу граѓани.

На сличен начин се обработувале и фотографиите кои во системот на Сатурн ги сними леталото Касини.

Леталото Џуно, вредно милијарда долари, лансирано е во 2011 година, а на 16 декември ја доврши својата 10-та обиколка околу Јупитер.

Погледнете ја снимката:

Коронавирус