среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 131
home Занимливости

Научно докажано: Ова е идеалната возраст за раѓање дете

Научно докажано: Ова е идеалната возраст за раѓање дете

Резултатите од последното истражување на доктор Џон Мировски од Универзитетот во Тексас, покажуваат дека совршената возраст за раѓање е 34 години. Истражувањето било направено на 1.800 мајки, на кои им биле поставувани прашања за моменталната здравствена состојба.

Во ова животно доба жените се оптимално здрави и подготвени за бременост, вели докторот,

Други експерти се сложуваат со неговиот заклучок, додавајќи дека жените на оваа возраст имаат идеална количина на енергија и доволно се зрели и одговорни за растење дете. Исто така, кога станува збор за финансиите, тие се финансиски постабилни и во здрави емоционални врски.