петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 21
home Занимливости

Научниците со одговор на вечното прашање: Што е постаро- јајцето или кокошката?

Истражувачите од универзитетите Шефилд и Варвик тврдат дека го имаат одговорот.
Научниците со одговор на вечното прашање: Што е постаро- јајцето или кокошката?

Кога бевме мали, возрасните често сакаа да направат да се чувствуваме збунето.

Најмногу им успеваше тоа кога ќе ни го поставеа прашањето: Што е постаро- јајцето или кокошката?

Што и да одговоревме, тие ќе нé потпрашаа обратното „Е како е прво јајцето, кога кокошката е таа што го несе?“ или „Е како е прва кокошката, кога мора да излезе од јајце?“.

Денес кога ќе ги прашате луѓето ќе добиете секакви одговори, секој со своите аргументи и логика.

Меѓутоа, за да ја разбистрат работава, се вмешаа и научниците.

Истражувачите од универзитетите Шефилд и Варвик тврдат дека го имаат одговорот.

Нивните експерименти покажуваат дека лушпата од јајцето може да настане само од протеин кој се создава во јајниците на кокошката.

Тоа значи дека кокошката мора да постои пред јајцето.

Коронавирус