среда, 21. април 2021. Вести денес: 154
home Занимливости

Научниците открија каде се создава љубовта!

Научниците открија каде се создава љубовта!

Љубовта потекнува од истиот дел на мозокот кој реагира на дрогата, додека сексуалната желба се создава во различен дел.

Истражувачите од Универзитетите Конкордија од Канада, Сиракуза и Западна Вирџинија како и Универзитетската болница во Женева, Швајцарија ја открија точната локација во мозокот од која се поттикнуваат чувствата кога некој е вљубен.

Поточно, тие открија дека љубовта се создава во истата област на мозокот во кој се создава и зависноста од дрога. Оваа област е поврзана со делот во кој започнува сексуалната желба, но двете области се квалификуваат како одвоени.

Претходните истражувања покажаа дека човечките емоции потекнуваат од регионот кој ги контролира емоциите, однесувањето, вниманието, расположението,паметењето, задоволството и зависноста.

До сега беше навистина тешко да се лоцира точното место каде се создава љубовта, бидејќи таа е многу посложена и апстрактна од другите емоции и вклучува повеќе области на мозокот.

Научниците открија дека љубовта и сексуалната желба активираат различни делови од мозокот, кои можат да активираат и други извори на задоволство, како што е храната. Но, за разлика од задоволството или сексуалната желба, за да се активира љубовта мора да постои нешто што има „посебна вредност“.

Авторите на оваа студија заклучуваат дека додека задоволството е прецизно определено, љубовта е апстрактна и комплексна и затоа помалку зависи од физичкото присуство на друга личност, пренесува 20minutos.es.

Коронавирус