сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 64
home Занимливости

Научниците открија дека и на вештачката интелигенција ѝ е потребен одмор…

Научниците открија дека и на вештачката интелигенција ѝ е потребен одмор…

Научниците се прилично возбудени затоа што успеале да направат вештачка интелигенција која ја имитира работата на човечкиот мозок. Потребен ѝ е сон.

Истражувачите од американската Национална лабораторија во Лос Анџелес открија дека вештачката интелигенција која ја конструирале за да го имитира начинот на кој луѓето учат да ги препознаваат работите околу себе, односно да ја имитира работата на човечкиот мозок, исто така ѝ е потребен одмор и сон.

Поточно, научниците забележале дека невронските мрежи подобро функционираат откако ќе се „одморат“, баш како што тоа и го прави човекиот мозок додека спиеме.

Еден од научниците, Јиџинг Воткинс истакна дека целиот тим е фасциниран од идејата на подучувањето на вештачката интелигенција на начин на кој луѓето учат – надбљудувајќи ја својата околина додека растат.

Како што појаснија, вештачката интелигенција станува нестабилна после долг период на учење, но откако ќе биде ставена на пауза, ситуацијата се стабилизира. Причината за тоа е токму во начинот на кој е смислена – да работи како човечкиот мозок. Па вештачката интелигенција, исто како и мозокот, покрај сите предности, има и маана – потребен ѝ е исто така одмор.

Секако, тоа не значи дека на сите вештачки интелигенции им е потребен одмор. Што успеале научниците да дознаат ќе биде претставено на Women in Computer Vision кој ќе се одржи во Сиетл на 14-ти јуни.

Коронавирус