вторник, 26. март 2019. Вести денес: 0
home Занимливости

НАСА открива кој прв ќе стапне на Марс

НАСА открива кој прв ќе стапне на Марс

Шансите првата личност која ќе стапне на Марс да биде жена се сосема од извесни, изјавил директорот на американската вселенска агенција Наса Џим Брајденстин.

Тој не спомнал некоја конкретна личност, но рекол фека жените се во прв план на идните потфати на агенцијата.

Тој во една радио емисија на прашањето на еден корисник на Твитер дали жените ќе бидат вклучени во следниот пат во вселената одговорил „апсолутно“.

Како и да е , додал и дека следната личност на Месечината исто така веројатно ќе биде жена.

Кон крајот на месецот, Наса најави дека прв пат во вселената ќе прошетаат само жени кога астронаутките Ен Мекејн и Кристина Кох ќе изведат седумчасовна експедиција. Тие две биле дел од класата астронаути чија половина исто така ја сочинувале жени.